Милевски: Македонија покажа дека кога игра како тим, не се плаши од никого

Македонската фудбалска репрезентација уште еднаш покажа дека не признава фаворити и одигра 1:1 против Белгија, во меч на кој нашите може и да жалат што не го освоија целиот плен. По мечот, селекторот Благоја Милевски беше задоволен.

„Сакам да им честитам на нашите фудбалери, за тоа што го покажаа на овој меч, посебно за оној фактор плус кој го имавме. Нема за што да жалам за резултатот. Македонија уште еднаш покажа дека кога игра како тим, може да се носи и со најдобрите, а на овој натпревар и тоа како одигравме како тим. Благодарност за сите оние кои беа на стадионот и дадоа поддршка на Македонија. Кога имате пред себе противник како Белгија која во своите редови има играчи кои се меѓу најдобрите во светот, секако дека преставува задоволство да се гледа како тоа Македонија одигра. Затоа не може да не сум задоволен од тоа како одигравме вечерва, но ќе повторам, овој резултат нема да ни значи ништо ако не одиграме како што треба и како што сакаме во понеденик против Казахстан. Затоа максимална концентрација за тоа што ни следува“, рече Милевски веднаш по мечот со Белгија.

- Оглас -

Најнови вести