Милевски: Мислам дека заслуживме да освоиме барем еден бод

Селекторот Благоја Милевски вели дека Македонија не заслужила да загуби од Бугарија.

„Мислам дека заслуживме најмалку еден бод на овој меч. Како што се одвиваше мечот, мораше Трајковски да излезе само по 20 минути игра. Тоа што го одигравме и со играч помалку цели 75 минути ни дава право да веруваме дека сме во вистинска насока“, вели Милевски, кој додаде дека не сака да го коментира црвениот картон што го доби Тодороски, но по мечот имаше што да му забележи на главниот арбитер.

Селекторот потенцираше дека во нападот мора да бидеме поефикасни затоа што шест од седумте гола што ги дадовме беа во дуелите со Гибралтар.

„Моментот на реализација мора да го поправиме, да бидеме многу поконкретни, но од друга страна, создаваме многу шанси. Моментот на реализација не знам како да го поправиме ние. Момците мора да работат на тоа. Дали е момент на деконцентарија, недоволна физичка подготвеност, недоволна натпреварувачка форма, не знам, ама мора да се работи на тоа во клубовите“, потенцираше Милевски.

- Оглас -

Најнови вести