Милевски: Можевме да дадеме повеќе од четири голови

Македонија победи со 4:0 против Гибралтар, но селекторот Благоја Милевски уште е задоволен од реализацијата што ја покажаа нашите фудбалери во овој циклус од четири меча во Лигата на нации. Македонија за само 30 минути даде четири гола против Гибралтар и на крајот стигна до убедлив триумф. Тој вели дека има уште мечеви од Лигата на нации и дека ќе се бориме додека има шанса.

„Со Грузија не првите 30 минути туку првите 50 минути имавме ист број на ситуации кои можевме да ги реализираме, но играта беше одлична. За жал не реализиравме, сега успеавме. Иако дадовме четири гола, можевме да бидеме уште поубедливи“, вели Милевски, кој додаде дека Македонија останува во трка за првото место во групата, посебно по ремито на Грузија дома против Бугарија.

„Искрено не го ни знаев резултатот меѓу Грузија и Бугарија. Жалам што загубивме таков меч против Грузија, затоа што одигравме едно од најдобрите 50 минути, но загубивме и нема назад. Одиме понатаму. Ќе видиме што ќе се случува понатака во Лигата на нации. Момците покажаа пристап кој е за секоја пофалба. Овој тим без разлика против кого игра има максимален респект кон секого, но на терен кон никого. Им честитам на момците за пристапот и желбата за успех. Блгодарност до сите оние кои беа дел од овој камп затоа што одовоија 17 дена да се ставав во функција на тимот. Благодарам за сето тоа што го покажаа на овие четири меча. Главна цел ни е да создадеме конкурентен тим за квалификациите во ЕП 2024“, е коментарот на Милевски веднаш по победата над Гибралтар.

- Оглас -

Најнови вести