Милевски: На ваков терен добро е што дадовме и еден гол

Со пет победи по ред и сите без примен гол македонската фудбалска репрезентација под водство на Благоја Милевски го заврши настапот во Лигата на нации во Ц сегментот, а веќе во следниот циклус нашата селекција ќе биде во посилниот Б сегмент. По победата над Фарски Острови, Милевски се задржа на проблемот со теренот.

„Што се однесува до теренот за игра многу сме назад. Овие момци заслужуваат многу подобри за игра. Мислам на теренот. Се е добро додека излеземе на терен. Јавна благодарност до ФФМ за логистиката и условите што ни ги дава. Мора да се среди теренот, да се најде некое решение. Многу е полесно на овој терен да се дојде ако се браниш како што се бранеа Летонија и Фарски острови. Многу е потешко да креираш. Мислам дека крајно време е да погледнеме ако ништо друго барем во соседството и да најдеме начин да ги подобриме условите. Не мора да значи дека ако беше тепих теренот дека ќе победевме поубедливо, но ќе имавме услови подобри да се обидеме да дадеме повеќе голови“, рече Милевски веднаш по победата над Фарски Острови.

- Оглас -

Најнови вести