Милевски: Нашиот главен фокус се квалификациите за ЕП 2024

Предводникот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски вели дека квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година е главното нешто за кое треба да се подготвуваме. По првите три меча од Лигата на нации, Македонија е со минимални шанси да биде прва во групата, а Милевски најави дека нема да има предавање, но и дека овие средби се во функција како подготовка за квалификациите за ЕП 2024.

„Наша главна цел се квалификациите за ЕП 2024 година. Сите овие мечеви кои досега ги игравме, вклучувајќи ги и оние од квалификациите за СП 2022 и баражите се во функција на квалификациите. Треба да имаме појасна слика за квалитетот со кој располагаме. Има уште три меча до крајот на Лигата на нации. Нема лесен или тежок противник. На секој меч мора максимално сериозно да се игра. Додека постојат шанси, целта ни е иста“, е коментарот на Милевски.

- Оглас -

Најнови вести