Милевски: Немам што да замерам на момците, тоа е нашиот максимум во моментов

Селекторот на македонската фудбалска репреентација, Благоја Милевски беше разочаран по поразот од Грузија, исткнувајќи дека Македонија играла добро и имала иницијатива 50-тина минути, а потоа нашите фудбалери физички паднале.

„Честитки за победата на Грузија. Одиграа добар меч, но кога ќе загубиш на ваков начин, во моментот што би посочил како причина, освен три наши лоши реакции. Ја контролиравме играта во поголем дел од мечот, а по вториот примен гол паднавме физики. Грузија на тој физички план е ниво над нас во моментов. Немам што да замерам на момците, тоа е нашиот максимум во моментов. Жално е што кога доминиравме во првите 50 минути не постигнавме еден или два гола, но тоа е тоа. Се надевам дека ќе се консолидираме за следниот меч“, рече Милевски веднаш по мечот.

Селекторот најави дека ќе има промени во составот за дуелот против Гибралтар.

- Оглас -

Најнови вести