Милевски објави список за ноемвриските дуели, има неколку нови имиња

Селекторот на македонската фудбалска А репрезентација, Благоја Милевски, го објави списокот со повикани фудбалери за натпреварите против Летонија (14-ти ноември) и против Фарски Острови (17-ти ноември) од Лига на Нации. Двата меча ќе се одиграат на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

На списокот има неколку нови имиња, а од октомврискиот циклус фалат Иљазовски, Илиевски и повредениот Костадинов.

Македонската репрезентација по четири кола во својата групата е на прво место со 10 бода и е на добар пат да се пресели во ранг погоре, Лига Б.

На списокот на селекторот Милевски за двата претстојни меча се наоѓаат следните фудбалери:

ГОЛМАНИ:

Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Валенсија (Шпанија)

Дамјан ШИШКОВСКИ – Борац Бања Лука (БиХ)

Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички

Марко АЛЧЕВСКИ – Хапоел Ерусалим (Израел)

ОДБРАНА:

Висар МУСЛИУ – Падерборн (Германија)

Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар (Унгарија)

Јован МАНЕВ – Адана Демирспор (Турција)

Езѓан АЛИОСКИ – Ал Ахли (Саудиска Арабија)

Бојан ДИМОСКИ – Акрон Тољати (Русија)

Стефан АШКОВСКИ – Шанлиурфаспор (Турција)

Ѓоко ЗАЈКОВ – Крајова (Романија)

Андреј СТОЈЧЕВСКИ – Жилина (Словачка)

Бехар ФЕТА – Домжале (Словенија)

Дарко ВЕЛКОВСКИ

СРЕДЕН РЕД:

Енис БАРДИ – Трабзонспор (Турција)

Јани АТАНАСОВ – Краковија (Полска)

Елиф ЕЛМАС – Лајпциг (Германија)

Исник АЛИМИ – Сепси (Романија)

Давид БАБУНСКИ – Данди Јунајтед (Шкотска)

Сефер ЕМИНИ – Сондерјиске (Данска)

НАПАД:

Бојан МИОВСКИ – Џирона (Шпанија)

Милан РИСТОВСКИ – Бохемианс 1905 (Чешка)

Дарко ЧУРЛИНОВ – Јагиелонија (Полска)

Александар ТРАЈКОВСКИ – Хајдук (Хрватска)

Лирим ЌАМИЛИ – Сондерјиске (Данска)

Димитар МИТРОВСКИ – Вараждин (Хрватска)

Кристијан ТРАПАНОВСКИ – Данди Јунајтед (Шкотска)

- Оглас -

Најнови вести