Милевски одговори дали Несторовски може да се врати во репрезентација

Селекторот Благоја Милевски постојано потенцира дека главен проблем во репрезентацијата е тоа што голем дел од играчите немаат доволно минутажа во своите екипи и дека тоа е еден од главните проблеми поради кои се слабите резултати во последно време.

Македонија даде само седум гола во шесте дуели од Лигата на нациите, од кои шест беа во мрежата на Гибралтар, но Милевски не мисли да прави промена во нападот. На прашањето дали селекторот планира повторно да го викне Илија Несторовски, одговорот беше по малку необичен, ако се знае дека само неколку минути претходно зборуваше дека голем дел од сегашните репрезентативци не се стандардни во своите екипи и играат малку.

„Илија Несторовски има одиграно 28 минути. Дај Боже Илија да почне да игра, да почне да дава голови, вратата е отворена за секого кој може да му помогне на тимот“, беше коментарот на Милевски.

- Оглас -

Најнови вести