Милевски: Овие момци покажаа дека имаат огромен потенцијал

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, соема е јасно дека е задоволен по вечерашната средба.

Македонија демонстрираше сила над Ерменија и со убедливи 5:0 славеше на гостувањето во Ереван.
„Честитки за моите фудбалери. Покажаа дека во себе имаат огромен потенцијал, но не сме на крајот. Имаме уште еден натпревар, што ќе се случи, ќе видиме во недела“, започна Милевски и продолжи.

„Никој не очекуваше од нас, освен ние самите, да одиграме вака по поразот од Германија.

Но, овие момци беа на Европското првенство, а некои од нив играа и на две ЕП.

Тоа што го одигра Ашковски на десната бековска позиција, беше токму како и што очекував, дури и малку повеќе.

Имавме потешкотии не само за овој натпревар туку и за сите собири до сега. На еден ни фалеше Барди, на друг Адеми, сега таа листа се зголеми.

Но, сите што беа во комбинација за овој меч покажаа дека во иднина може да се смета на нив“.

Тој не сакаше да одговори на тоа дали вечер фудбалерите ќе го навиваат за Исланд на средбата против Романија.

„Сега ќе одиме да се одмориме во хотел бидејќи утре нè чека пат, а и ќе треба да се спремаме за натпреварот во недела. Сите мисли ни се за мечот со Исланд“, заврши селекторот.

- Оглас -

Најнови вести