Милевски: „Против Ерменија шанса ќе добијат фудбалерите кои треба да се докажат“

Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Струмица ќе одигра контролен дуел против селекцијата на Ерменија. По поразот од Украина со 2-0, шансите за настап на Европското првенство се сведени на теорија, па така селекторот Благоја Милевски најави дека утре шанса за настап ќе добијат играчите кои имале помала минутажа или воопшто немале на претходните дуели и ова ќе биде можност за нас да се наметнат за следните активности.

„За натпреварот против Ерменија ќе им дадеме шанса на фудбалерите во составот кои треба да го потврдат потенцијалот во репрезентацијата.
По исцрпувачкиот меч во Прага, ќе видиме колку фудбалерите чувствуваат физички замор. Нема повредени и пред натпреварот ќе одлучиме кој ќе започне.
Контролниот меч против Ерменија, која е квалитетна селекција и одигра одлични квалификации, е одлична можност за сите нас да го провериме потенцијалот со којшто располагаме. Шанса ќе добијат сите, но ќе одлучиме за минутажата на фудбалерите.
Оваа селекција секогаш оди на победа, така ќе биде и утре против Ерменија“, вели селекторот Благоја Милевски.

- Оглас -

Најнови вести