Милевски: Репрезентативците треба да ја сочуваат енергијата што ја покажаа во изминативе два месеца

Селекторот Благоја Милевски беше задоволен од победата над Ерменија. Милевски потенцираше дека и оние кои најчесто имаат помала минутажа, овојпат покажаа квалитет и дека заслужено се дел од националниот тим.

„Морам да кажам дека сум задоволен. Игравме со осуммина нови играчи во споредба со дуелот против Укриана, од кои двајца беа дебитанти. Секоја чест за начинот на којшто го потенцираа својот потенцијал. Покажаа дека со право се тука и дека со право ќе бидат дел од националниот состав и во иднина“, рече Милевкси.

Предводникот на македонската репрезентација вели дека ова треба да биде потенцијалот на Македонија и за следниот период.

„Во изминативе два месеца одигравме четири меча. Тие се играчите, тоа е ростерот според мене и мојот стручен штаб. Тоа е најдоброто што го има Македонија. Резултатот секогаш е важен, но со цел да го видиме потенцијалнот на останатите играчи, и тоа на меч против еден квалитетен ривал како Ерменија. Ова е базата и за наредните мечеви што ќе бидат во Лигата на нациите и следните квалификации за СП 2026. Енергијата што ја покажуваат момците во овие два месеца треба да ја сочуваме и во иднина“, потенцираше Милевски.

- Оглас -

Најнови вести