Милевски: Сакаме победа, само тоа нè интересира!

Селекторот на македонскиот фудбалски национален тим, Благоја Милевски, во пресрет на утрешниот дуел со Бугарија од Лигата на нации, рече дека неговите играчи сакаат да победат на лошиот терен на Арената „Тодор Проески“ и да покажат дека поразот од Грузија е незаслужен.

„Ќе видиме што ќе ни донесе самиот меч, ние како секогаш, одиме да победиме. Атмосферата во тимот е добра, играчите сакаат да покажат дека незаслужен беше поразот од Грузија. Не би сакал да кажам дали ќе има промени во тимот. Бугарите имаат нов селектор, комплетно друг тим од тој во Разград, секако ни преставува малку потешкотија за анализа. Теренот е во лоша состојба, 30-тина дена стадионот е затворен и се надевам дека нема да биде многу лошо за играње“ – рече селекторот.

 

Капитенот Енис Барди жали за поразот во Грузија, и бара поддршка за тимот.

„Игравме добро и не беше реален тој резултат во Тбилиси. Миовски и Ристовски даваат голови во клубовите, треба да сме трпеливи и ќе дадеме и гол. Мора позитивно да се гледа на оваа селекција, потребна е поддршка и мислам дека сме многу добра генерација, а нашата цел се знае дека е пласман на ЕП 2024“ – рече Барди.

- Оглас -

Најнови вести