Милевски: Само победа ни одговара, утре ќе треба да бидеме фокусирани во сите 90 минути, а не како што беше во Скопје

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, е оптимистички расположен пред утрешниот меч против Украина во Прага. Овој дуел е клучен за двете селекции, а само побдникот ќе остане во трка за место кое води на ЕП 2024.

Украина победи на првиот дуел од овие квалификации со 3:2 во Скопје, и тоа на дуел на кој Македонија водеше со 2:0 по еден час игра. Милевски вели дека утрешната пресметка во Прага ќе биде сосема поинаква.

„Утрешниот меч ќе биде комплетно различен од тој во Скопје. Дојдовме во ситуација во која на двете селекции им одговара само победа. Очекувам еден отворен меч од двете страни. Македонија треба да биде фокусирана во текот на сите 90 минути, а не како што се случи на првиот дуел во Скопје. Без оглед на значењето на утрешниот меч, никогаш не треба да се има дилеми за тоа колку фудбалерите се мотивирани да го дадат максимумот“, вели селекторот на денешната прес-конференција.

Милевски вели дека Украина е сериозен ривал, но дека нашата селекција знае да игра против силни противници.

„Не треба да се трошат многу зборови за Украина. Тоа е селекција со одлични играчи, но Македонија и досега покажа дека знае да игра против силни противници. На последните два меча покажавме добра игра и се надевам дека така ќе продолжиме и на овој дуел“, оптимистички додава Милевски.

- Оглас -

Најнови вести