Милевски вели дека Грузијците се одлични, но утре од Македонија зависи исходот на дербито

Селекторот Благоја Милевски вели дека Грузија е одлична селекција и има видлив напредок со Вили Сањол како селектор, но и дека утре Македонија се прашува за конечниот исход на дербито во четвртата група од Сегментот Ц.

„Ги анализиравме и нема да нè изненадат. Ја декласираа Бугарија и имаат одличен тим и поединци, а со Сањол како селектор и напредуваат, но ова ќе биде сосема поинаков меч. Дури и од тој во Тбилиси во 2020 година, кога ги победивме и се пласиравме на ЕП. Ова е тежок период за играње фудбал, не можете да барате сите да бидат во идеална натпреварувачка форма, а многу е важно да се има желба и решителност да се успее. Важноста на мечот не нè оптеретува многу, ќе ја играме својата игра и верувам дека ќе дадеме максимум за да победиме“, изјави Милевски.

Грузија ќе ни биде гостин утре, на арената „Тодор Проески“, од 20.45 часот и ако Македонија победи, ќе го смени ривалот на врвот на табелата во четвртата група од Сегментот Ц во Лигата на нациите.

 

- Оглас -

Најнови вести