Милевски: Знам кои ќе бидат стартните 11, фудбалерите треба да уживаат во мечот

Селекторот на Македонија, Благоја Милевски, е со верба дека утревечер во Палермо може да се случи чудо и нашата репрезентација победнички да си замине од гостувањето кај актуелниот европски владетел.

„Секогаш сум реален кога ги поставувам целите пред мене. Знам дека Македонија има квалитет и потенцијал во блиска иднина да бидеме многу поблиску до европскиот крем на начин на којшто доликува за македонскиот фудбал. Не можам да тврдам дали тоа ќе дојде во блиска иднина, но сигурен сум дека нашата интенција е да одиме во таа насока“, вели Милевски.

„Немам дилеми околу составот и се надевам дека сите ќе бидат подготвени за утрешниот предизвик. Овие момци покажаа дека заслужено се тука, а сега останува да уживаат во натпреварот против Италија“, рече селекторот Милевски на денешниот прес.

- Оглас -

Најнови вести