Американскиот милијардер Бред Галисон е нов сопственик на англискиот четвртолигаш Гилингем, клуб со 129-годишна традиција и веднаш ги израдува навивачите со најава на спектакуларен преоден рок.
Галисон гокупи клубот од Пол Скали, човек што шест сезони од 2000 до 2005 го предводеше Гилингам во Чемпионшип лигата, втора по ранг во Англија.
Сега клубот што е формиран во 1893 година и успева да се одржи во три различни века игра во Лига 2, што е четвртиот фудбалски ранг во Англија.
Галисон најавува дека тоа брзо ќе се смени и најави возбудлив преоден рок веќе во јануари.
„Јас и моето семејство сме воодушевени што успеавме да го превземеме клубот со огромна историја и реноме и со база на навивачи што на неверојатен начин се приврзани за Гилингам. Можам да ветам подобра иднина и возбудлив преоден рок“, изјави новиот сопственик на Гилингам.
Клубот се бори за опстанок во Лига 2 и е на последното 24. место, но со богатиот газда како предводник во новата ера не би требало да има проблеми да избори опстанок.