Милијардер од Финска сака да го купи Манчестер јунајтед, но бара и навивачите да платат

Финецот Томас Зилијакус е заинтересиран за купување на Манчестер јунајтед, но за разлика од останатите двајца конкуренти, катарскиот шеик Јасим бин Хамад Ал-Тани и сер Џим Ретклиф, има поинаков план и сака и навивачите на Црвените ѓаволи финансиски да помогнат.

Сопственикот на меѓународниот конгломерат „Мобил фјучр воркс груп“, чија дејност се дигиталните медиуми, купувањето преку интернет, создавање игри за мобилни телефони, тврди дека пазарната вредност на Манчестер јунајтед изнесува 3,9 милијарди долари и неговиот предлог е да плати половина од оваа сума.

Останатите 50 отсто, Зилијакус сака да ги платат навивачите на Манчестер јунајтед низ целиот свет, така што секој фан би морал да издвои 3 долари.

Наводно, неговата идеја е и навивачите на Манчестер јунајтед да станат дел од акционерите и да учествуваат во носењето одлуки. Секој навивач кој би донирал средства за купување на Јунајтед, би имал пристап до посебна апликација за мобилни телефони, преку која би учествувал во разговорите и во носењето одлуки.

„Нема да биде донесена ниту една одлука која најголем дел од навивачите не ја подрржуваат“, изјави Зилијакус.

- Оглас -

Најнови вести