Продажба на Мауро Икарди и ангажирање на Сергеј Милинковиќ Савиќ е следната акција на раководството на Интер. Освен Србинот од Лацио, Интер сака да го купи и Един Џеко од Рома, како партнер на Лукаку во нападот.
Интер планира од продажбата на Икарди да собере 75 милиони евра, а отприлика толку би ги чинел и популарниот СМС, без бонусите.
За Милинковиќ Савиќ се интересираше и Манчестер јунајтед кој сакаше да се осигура во случај да си замине Пол Погбс, но сепак тој трансфер не се случи и Погба најверојатно останува во Јунајтед. Како што стојат работите, Сергеј останува во Италија, но можеби ќе ја промени средината.