Милинковиќ-Савиќ скапо ја плати победата над Јувентус

Српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ немал многу причини за славење по големиот триумф на Лацио против Јувентус. Италијанските медиуми известуваат дека за време на дербито кое се одигра на „Олимпико“, крадци влегле во вилата на ѕвездата на Лацио и го ослесниле за 100.000 евра.

Од неговите вредни предмети недостасувале неколку часовници „ролекс“ и „хублот“, како и 5.000 евра кеш, односно вкупна вредност на штетата е околу 100.000 евра. Безбедносните камери успеале да ги фатат крадците на бегање, а материјалниот доказ моментално е во полиција за да се расчисти случајот.

 

- Оглас -

Најнови вести