Милнер е апсолутен хит на социјалните мрежи: Ова е неговиот „најдобар состав“ во изолација (видео)

Џејмс Милнер, фудбалерот на Ливерпул, треба да добие награда за забавување на фановите во овие тешки моменти додека во светот преовладува пандемијата со Коронавирусот. Англичанецот редовно ја информира јавноста како му изминуваат деновите во самоизолација, прво ги сортираше кесичките со чај по вкус, а потоа демонстрираше како прецизно се коси тревата.

Во најновото видео, Милнер креира „најдобра 11-ка во изолација“, составена од предмети и производи кои имаат слични имиња на познати сегашни и пензионирани фудбалери. На пример: десен бек е поводникот за кучиња Кајл Вокер, чоколадите „Terrys“ е Џон Тери, Давид Силва е сребрена паричка, Патрик Бергер е хамбургер итн.

Милнер е апсолутен хит на социјалните мрежи и дефинитивно расположува со своите видеа во период кога луѓето се во домашна изолација.

https://twitter.com/sportbible/status/1242553302782525447

- Оглас -

Најнови вести