Кошаркарот на Црвена ѕвезда и екс репрезентативец на Србија, Милош Теодосиќ (38), соопшти дека става крај на играчката кариера.
„Ви благодарам на 30-те години заедничка борба, уживања, радости и таги. Дојде моментот да се простам од една фаза од својата љубов кон магичната игра под обрачит. Зад мене, е многу желба, борба, одрекувања, освоеи трофеи, но и загубени финалиња. Сè е тоа кошарка и сè е тоа живот. Ништо од тоа не би менувал“, напиша Теодосиќ во соопштението.
„Им благодарам и на моите ваљевци, мојата Србија. И на сите тренери од кои учев кошарку. Уште немам научено до крај. Ќе разменуваме знаење и искуство уште долго. До крајот на животот. Најголема благодарност до моето семејство. Во последно време сфатив дека најголемо богатство е што ќе имам што да им покажувам на децата! Само уште малку да пораснат. Пред нив сум најисполнет. И једна групна порака: Неизмерно Благодарам на секој соиграч. Сите вие од мене направивте подобар кошаркар“, наведе Теодосиќ кој им се заблагодари и на навивачите, а задоволен е што кариерата ја заврши во клубот кој има доминантно место во неговото срце.
„Фала ти кошарко, се гледаме и понатаму, само без патико, дрес и шорцеви“, заклучи Тео кој во кариерата играше за ФМП, Борац Чачак, Олимпијакос, ЦСКА Москва, ЛА Клиперс, Виртус Болоња и Црвена ѕвезда.
Со ЦСКА ја освои Евролигата, а Еврокупот со Виртус. Беше и МВП на Евролигата, а со репрезентацијата освои сребра на Олимписки игри, Светско и Европско првенство.