Милвоки да го повтори подвигот на Мајами од шампионската сезона 05/06

Ноќта меѓу вторник и среда (03 часот), НБА може да го добие новиот шампион. Милвоки успеа да слави во три последователни меча од финалната серија против Феникс и да дојде само на еден триумф до освојување на втората титула во историјата на франшизата од Висконсин.

Јанис и дружината влегоа како фаворити на стартот од серијата, но ги загубија првите два меча во кои Феникс беше домаќин, а потоа стигнаа до пресврт и со брејкот во петтиот меч си наместија битка за шампионскиот прстен пред домашната публика.

Во историјата на најатрактивната кошаркарска лига се памети само еден ваков подвиг, екипа која ги загубила првите два меча на крајот да слави со 4-2. Тоа беше тимот на Мајами предводен од тандемот Шекил О’Нил – Двејн Вејд, кои го надиграа составот на Далас Маверикс за прва историска титула на франшизата од Флорида.

Дали Елените ќе го повторат подвигот или пак Феникс ќе успее да се спаси и да изнуди мајсторка на домашен терен, ќе се знае утре изутрина.

- Оглас -

Најнови вести