Милвоки го прецрта и Детроит за 13-та победа во низа, триумфи запишаа и Лејкерс, Бостон.. (видео)

Милвоки бакс продолжува со извонредната победничка серија, Детроит е 13-тиот тим во низа кој загуби од Елените. Адетокумбо и дружината ги решија Пистонс на нивен терен со 127:103 за вкупно 19-та победа по 22 натпревари со која Милвоки се зацврсти на врвот во Источната конференција.

Најкорисниот кошаркар во лигата си ја заврши својата работа за помалку од 28 минути, во кои реализира 35 поени и 9 скока. Јанис му парираше на расположениот Драмонд, кој заврши со дабл-дабл од 23 поени и 14 скока, но сепак неговиот учинок не беше доволен за Детроит да го избегне 14-от пораз сезонава.

ЛА лејкерс стигна до 10-тата последователна победа на гости, вкупно 19-та сезонава, со победата на гости кај Јута џез со 121:96. Езерџиите по пауза од четири години конечно славеа во Солт Лејк сити, за успехот повторно виновници се главните ѕвезди Ентони Дејвис и Леброн Џејмс.

Мичел беше најефикасниот кошаркар на мечот со 29 поени, на што Веѓата одговори со 26 поени и 6 скока, додека Џејмс оствари дабл-дабл со 20 поени и 12 асистенции и само четири скока.

Oстанати резултати од НБА-лигата:

Шарлот хорнетс – Голден стејт 106:91, Орналдо меџик – Феникс санс 128:114, Атланта хокс – Бруклин нетс 118:130, Бостон селтикс – Мајами хит 112:93, Чикаго булс – Мемфис гризлис 106:99, Оклахома сити – Индијана пејсерс 100:107, Далас маверикс – Минесота 121:114, Портланд – Сакраменто 127:116.

- Оглас -

Најнови вести