Минатото коло е доказ дека вреди да се игра Спортска прогноза, стигна новата понуда

Освоени шест вредносни ваучери со по 500 денари е билансот од последното одиграно коло на Спортска прогноза, што само покажува дека на бесплатна игра може добро да се заработи. За да се биде во трка за главната премија мобилен телефон iPhone XS, потребно е да погодите Среќна 13-ка. Добитни се и оние кои на прогнозирањето ќе имаат по 12 и 11 точни фиксови. За нив следуваат ваучери од Sport Life во вредност од по 1.000 и 500 денари.

Новото 14-то коло веќе започна, а на понудата има интересни дуели од топ 5 лигите во Европа. Дилеми ќе има повеќе. Дали Милан може да стигне до втора победа во низа на гости, ќе успее ли Јувентус да слави на дербито во Рим против Лацио, но и како ќе заврши градското дерби во Примера дивисион меѓу Леванте и Валенсија.

Едноставно е, не чекајте. Бидете дел од бесплатната Спортска прогноза бидејќи може само да добиете.

- Оглас -

Најнови вести