Мини-Барса продолжува да се екипира во Мајами, Жорди Алба официјално е нов играч на Интер

Искусниот шпански лев бек, Жорди Алба, и официјално е нов играч на Интер Мајами. Алба им се придружува на Лионел Меси и Серхио Бускетс со кои беше тимски колега и во Барселона.

Се шпекулира дека клубот на Дејвид Бекам нема да застане тука со доведување на легенди на Барса, туку ќе се обиде да ги донесе и Андрес Иниеста и Луис Суарес.

Доведувањето на Уругваецот нема да биде лесно, бидејќи тој има договор со бразилски Гремио до декември 2024 година, а Интер не сака да плати отштета, туку носи само слободни играчи и Суарес ако сака да игра со пријателите, ќе треба да најде начин како да го раскине договорот со Гремио.

- Оглас -

Најнови вести