Мино Рајола се обидел да го пробие обрачот кај семејството Ѕаниоло и да му стане менаџер на големиот талент Николо, но добил „корпа“, па Клаудио Вигорели останува застапник на фудбалските интереси на 19-годишното момче.
Николо Ѕаниоло игра извонредна сезона во Рома откако во трампа за Раџа Најнголан си замина од Интер. Има само 19 години, а веќе го привлече вниманието на големите клубови.
За Ѕаниоло има долг ред од заинтересирани гиганти на европскиот фудбал, се вклучија и Челзи и Реал Мадрид, но според најавите во италијанските медиуми, Ѕаниоло ќе потпише нов договор со Рома. Секако за поголема плата. Се шпекулира дека челниците на Рома ќе му понудат годишна плата од околу 2 милиони евра, што е прифатливо за Николо и за неговото семејство, кое одлучи да го одбие предлогот на Рајола и понудите на останатите клубови.