Миовски дебитираше за Жирона, но во игра влезе откако Атлетико имаше два гола предност

Уште еден македонски фудбалер се запиша како дел од можеби најсилното фудбалско првенство во светот, шпанската Примера дивисион. Бојан Миовски дебитираше во дресот на Жирона, но со пораз.

Нашиот репрезентативец не беше во стартниот состав, а откако Атлетико Мадрид поведе со 2:0, во игра кај Жирона, во 59 минута влезе Миовски. Напаѓачот имаше еден шут во рамките на голот на голот на Атлетико, но Јан Облак одбрани, а еден шут на Миовски беше блокиран.

Во последните моменти од средбата, Атлетико даде и трет гол преку Коке и на крајот Јорганџиите стигнаа до убедлив триумф од 3:0. Жирона со само еден бод е на 18-тото место во Примера додека Атлетико стигна до првата победа и со четири бодови е веднаш зад перфектните Барселона и Селта Виго.

- Оглас -

Најнови вести