Екипата на Жирона по нецели 30-тина минути губи со 4-0 на гостувањето кај Виљареал, а нашиот репрезентативец, Бојан Миовски, не е ниту на клупата за резерви.
Веќе долго се шпекулира дека македонскиот репрезентативец ќе ја напушти Каталонија и ќе се врати во Шкотска, а изоставувањето од составот е само уште еден показател дека Миовски ќе си замине во самиот финиш од преодниот рок.
Неколку екипи се заинтересирани за неговите услуги, а на Островот веќе се пишува дека една од нив е славниот Глазгов Ренџерс.