Миовски: Ќе се обидам да бидам прв стрелец во шпанската лига

Македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски на прес-конференцијата по претставувањето во Жирона рече дека го избрал каталонскиот тим поради стилот на игра и дека е подготвен за предизвикот.

„Не се плашам од ништо, подготвен сум да се соочам со предизвикот. Опкружен сум со играчи кои имаат многу квалитет и тоа ќе ми помогне да напредувам. Сон на секој играч е да игра во ЛШ, ќе се обидам да му помогнам на тимот. Јас сум тимски играч. Шкотската лига е многу пофизичка, а јас се сметам за тактички играч, затоа се надевам дека ќе ги искористам овие карактеристики уште повеќе во Ла Лига. Довбик е Довбик, а јас сум Миовски, ние сме различни и не се плашам од притисокот. Ако имам шанса, и јас ќе се обидам да бидам прв стрелец во Ла Лига“, рече Миовски.

- Оглас -

Најнови вести