Мирчевски продолжува да „гази“, Пандевци се помачија против Тиквеш

Мартин Мирчевски продолжува со фантастичните партии во домашното првенство.

Напаѓачот на Академија Пандев стигна до бројката од 15 голови по 14 одиграни средби, откако на денешната средба постигна два во мрежата на Борец.

Неговиот тим се помачи за да дојде до победата од 3:2.

Мирчевски најпрвин погоди од пенал во 37 минута, а израмни Карамишев на 1:1, резултат со кој се замина на полувремето.

Сепак, работите за Пандевци се искомплицираа бидејќи Томислав Илиев доби црвен картон, но, тоа не му пречеше на Радиќ во 60. минута да донесе нова предност.

Сепак, гостите не се даваа така лесно и израмнија преку Анаел Барба Нгога.

Но, Мирчевски стапи повторно на сцена со својот втор гол денеска во 83. минута, со што им обезбеди три бода на второпласираната екипа на табелата.

Битолската гордост, Пелистер уште еднаш се посрамоти оваа сезона, овој пат против лидерот Шкупи каде што на гостувањето во Чаир во рамките на 14. коло од првата македонска фудбалска лига, загуби со 5:0.

Со тоа, останаа закован на дното со четири бода и сè уште чека на првата победа сезонава.

Матеј Цветановски (11′, 42′), Кире Маркоски (37′), Марко Ѓорѓиевски (54′) Костадин Чешмеџиев (85′) донесоа убедливи три бода за лидерот, кој сега дојде на бројката од 32.

ПМФЛ

Шкупи – Пелистер 4:0

Академија Пандев – Тиквеш 3:2

Борец – Ренова 1:4

Струга – Работнички 1:0

Шкендија – Брегалница 1:0

- Оглас -

Најнови вести