
По повеќе од 2.300 поминати километри со автобус, македонските навивачи кои од Скопје патуваа на „потешкиот начин“ до Данска, веќе се во државата која е еден од домаќините на Европското првенство во ракомет.
Од Македонија преку Србија, Унгарија, Словачка, Чешка (таму имаа и едно ноќевање) и Германија, екипата од 30-тина фанатаци меѓу кои има и жени и деца, рано утрово пристигна во Данска. Време за одмор нема многу, ќе треба да се патува и од Архус до Хернинг, но тие 80 километри во еден правец се ништо во однос на тоа што веќе го поминаа.
Заморот е присутен, но нема сомнеж дека вечерва во Хернинг и тие ќе му даваат поддршка на тимот на Кирил Лазаров.

