Мислав не му ја мислеше многу, со страшен гол ја украси победата на Динамо на хрватското дерби (Видео)

Мислав Оршиќ постигна страшно атрактивен гол во 50. минута, втор за Динамо Загреб на големото хрватско дерби со Хајдук и со него стави вреден печат на победата на шампионот од 2:1.

Напаѓачот на гостите без многу размислување упати вистинска бомба и го погоди самиот агол на голот што го бранеше Посавец за Хајдук.

Претходно Лирим Кастрати со гол во 42. минута најави победа на актуелниот првак, кој со капитенската лента на рака на „Пољуд“ го предводеше македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.

За Хајдук од 86. минута дебитираше Јани Атанасов, членот на нашата млада репрезентација до 21 година, а веднаш откако влезе во игра домаќините го постигнаа почесниот погодок.

Стрелец беше Станко Јуриќ, токму на асистенција на Атанасов, кој центрираше одлично и беше заслужен за единствениот погодок на сплитските били.

- Оглас -

Најнови вести