Мислеа дека судијата ќе наседне на нивниот срамен трик, ама се излажаа (Видео)

Фудбалерите на Крузеиро при гостувањето кај Сао Рајмундо во бразилскиот куп, се посрамотија и сега сите ги обвинуваат за прекршување на ферплеј кодексот. Се обидоа со трик да го измамат судијата, но тој добро знаеше што прави.

Играчот Еду направи фаул за кој требаше да добие втор жолт, со тоа и црвен картон, и не сакаше да стане од тревата, знаејќи каква судбина го чека. Во меѓувреме, играчите го обиколија судијата и друг црномурен играч седна на тревата, а Еду се исправи на нозе. Од Крузеиро мислеа дека судијата нема да забележи и на играчот кој глумеше дека е Еду, ќе му даде жолт, додека вистинскиот виновник ќе се спаси. Тоа не се слули, арбитарот точно знаеше на кого треба да му даде картон и го прави Еди во соблекувална.

https://www.youtube.com/watch?v=CVjzRDZZBTs

- Оглас -

Најнови вести