Мислеше дека е ѕвезда и почна да вика кон судијата, а потоа му се заледи крвта од неговата реакција (ВИДЕ)

Интер пред своите навивачи запиша нови три бода, овојпат победувајќи го Удинезе со 2:0.

Но, еден од најинтересните моменти се случи во 82-рата минута, кога играчот на Удинезе, Џерард Делуфеу, почна да му вика на главниот судија, Лука Готи.

Но наместо жолт картон, судијата одлучи да демонстрира карактер и со уште повисок тон да му објасни дека не треба да му се меша во работата.

Шпанецот успеа да постигне гол за 2:1, но тој беше поништен поради офсајд, а по викањето од судијата, би требало да ја разбере ситуацијата.

Италијанската јавност е воодушевена од реакцијата на Готи, кој според нив, потсетил на легендарниот Пјерлуиџи Колина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести