Сесар Аспиликуета не можеше повеќе да ја чека Барселона да испрати понуда за неговите услуги, па реши да ја потврди верноста кон Челзи потпишувајќи нов двегодишен договор со Сините.
https://twitter.com/ChelseaFC/status/1555259864556896256
Капитенот на двократниот европски првак веќе мина цела деценија на „Стемфорд бриџ“ по неговиот трансфер од Марсеј во 2012 година, а со новиот договор ќе игра до 2024 година.
Аспиликуета со Челзи ги освои сите можни трофеи на клупски план. Брои две титули во Премиер лигата, две во Лигата на Европа, една во Лигата на шампионите, по еден трофеј во европскиот Суперкуп и Светското клупско првенство, како и по еден во Лига купот и ФА купот. Одигра повеќе од 470 натпревари како десен и централен бек.