
Средниот бек на македонската ракометна селекција, Марко Митев, како и целата екипа уште утрово кога станале вчера претчувствувале дека ќе се случи нешто добро против фаворитот Португалија, а сега се екстра мотивирани да ја добијат Романија и да се обебеди третото место во групата, со надеж дека и Данска ќе биде многу убедлива против Португалија во третото коло утревечер.
„Одигравме многу добро, цел тим беше фокусиран од прва до 60-та минута, пред мечот Португалците беа фаворити, но нашата мотивација пресуди. Бодот многу ни значи, а сега мора да одиме на сè или ништо, мора да победиме против Романија ако сакаме втора фаза. Уште утрото кога станавме имаше некоја посебна енергија, сите беа расположени, знаевме дека ќе се случи нешто позитивно. Со Романија мора да одиме уште појако, мора да победиме, се надевам ќе нè посака среќата“, рече Митев.

