Митревски блескаше на голот на Порто

Голманот на македонската ракометна репрезентација, Никола Митревски, е најзаслужен за победата на неговиот тим Порто над Целје од 32:30 во претпоследното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Митревски на голот на Порто забележа 14 одбрани, додека во нападот одличен беше Игнасио Хименес со девет постигнати гола. Кај словенечкиот тим се истакна Урош Миличевиќ со десет гола.

Ова за Порто беше четврта победа во 13-те меча, додека Целје е последен без ниту еден освоен бод.

Ракометарите на Кил со два гола во последните четири минути успеаја да дојдат до пресврт и да слават со минимални 27:28 на гостувањето кај Пик Сегед.
Унгарскиот тим со голот на Бомбач во 56-тата минута поведе со 27:26, но Билик во следниот напад го израмни резултатот. Голот за победа на Кил го постигна Јохансон на една минута пред крајот.

Токму Ерик Јохансон со осум гола беше најпрецизен кај Кил, а еднаков број голови даде и Марио Шоштариќ на спротивната страна.

Со гол во последната сезона, Висла Плоцк се спаси од пораз на гостувањето кај ГОГ Гудме играјќи 32:32. Голот за реми на Висла го постигна Сердио.

- Оглас -

Најнови вести