Митревски: Да ги стопираме крилата и пикерот

Никола Митревски блескаше на првиот меч против Украина, кога имаше 14 одбрани и беше еден од најзаслужните за победата на отворањето на ЕП во Виена. Голманот на нашата репрезентација верува дека можеме да ја победиме Австрија, која не е поквалитетен тим од нас.

„Ова е мало финале за нас. Подготвени сме, свесни сме што нè чека. Австрија е репрезентација која квалитативно не е подобра од нас. Со победа денес ќе го анулираме поразот против Чешка и тој ќе биде воопшто небитен. Треба да го дадеме својот максимум и да се надеваме на победа“, вели Митревски.

Чуварот на мрежата знае дека најсилното оружје на Австрија е од бековските позиции, но Митревски вели дека мора да бидат сопрени другите играчи.

„Божовиќ и Билик се играчи кои ќе шутнат 30-тина пати без разлика на што било. Клучно ќе биде да не се разиграат нивните крила и пикерот. Бековите ќе ги дадат своите голови, но важно ќе биде да ги затвориме другите. Овие двајца бекови имаат слобода и честопати шутираат без резон. Никако не смееме да дозволиме нивните крила и пикерот да се разиграат. Вебер на претходниот меч даде 8 гола од 8 обиди“, анализира Митревски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести