Митревски се врати на голот, беше одличен, но тоа беше премалку за победа (Видео)

Никола Митревски се врати на голот на македонската репрезентација, но и тоа не беше доволно да ја победиме Црна Гора. Голманот кој на еден ден пред тргнувањето беше позитивен на Коронавирусот, не бранеше на првиот меч против Словенија, но откако доби негативен тест, веднаш се спакува и тргна за Дебрецин.

Голманот вчера се појави меѓу репрезентациите, а денеска покажа дека е подготвен да брани. Митревски имаше девет одбрани, но сепак, одличните одбрани на голманот не беа доволни да се спасиме од пораз во дуелот со Црна Гора. Во второто полувреме дадовме само осум гола, а тоа е премалку за да се победи на меч од Европско првенство.

- Оглас -

Најнови вести