Митровиќ не дозволи да му заврши лудата серија голови

Ал-Хилал со две победи од по 3-1 го елиминира иранскиот Сепахан и се најде во четвртфиналето на азиската Лига на шампиони, каде што ривал ќе му биде актуелниот саудиски првак Ал-Итихад предводен од Карим Бензема.

Ал-Хилал е најсилен саудиски тим во моментов, веројатно ќе ја освои титулата сезонава, а имаат големи амбиции и во азиската ЛШ, каде што прво треба да се справат во четвртфинале со Ал-Итихад, потоа во можно полуфинале со Ал-Наср на Кристијано Роналдо.

Александар Митровиќ вечерва даде гол во 97-мата минута за конечни 3-1 и ја продолжи својата неверојатна голгетерска низа. Тој дава гол на 10 од последните 11 меча, а ако се бројат само официјалните дуели, Митрогол има серија од осум меча на кои постигнува гол, последен пат не погоди на 28 ноември во дуел од азиската ЛШ, во меч на којшто играше 23 минути.

- Оглас -

Најнови вести