Млад фудбалер убиен на сред улица

Јегор Дробиш е името на младиот руски фудбалер кој на брутален начин беше убиен, и тоа на сред улица. Дробиш, кој имаше само 22 години, беше дел од второлигашот Итриш Омск и се надеваше дека ќе успее да направи добра кариера.

Сепак, неговото последно излегување во ноќен клуб било кобно. Јегор заедно со својот пријател се враќале кон своите домови кога на улица биле пресретнати од непознати лица. Двајцата пријатели биле нападнати. Дробиш добил нож директно во срцето и починал на лице место, додека неговиот пријател е во болница и се бори за живот.

Засега не е познат мотивот за нападот, но се знае дека двајцата пријатели биле под дејство на алкохол во моментот на нападот. Шпекулациите се дека може се работи за некоја освета или грабеж, но што и да е причината, останува факт дека на грозоморен начин згаснал животот на еден млад фудбалер.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести