19.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Младата бразилска ѕвезда со солзи во очите се прости од навивачите пред преселбата во Мадрид (Видео)

Бразилскиот фудбалер, Ендрик, го одигра својот последен натпревар за матичниот клуб Палмеирас пред преселбата во Мадрид. Тој со солзи во очите ги поздрави навивачите на својот клуб, кои извадија транспарент во негова чест на којшто пишуваше „се гледаме подоцна“. Фудбалерот сè уште нема 18 години, но ќе ги наполни на 21 јули, кога и официјално ќе стане фудбалер на Реал Мадрид.

Кралскиот клуб за неговиот потпис плати 47,5 милиони евра, а со дополнителните бонуси оваа сума може да достигне и до 60 милиони евра. Ендрик веднаш се сели во Мадрид, ќе игра и на пријателските натпревари за Реал, а за Палмеирас настапи на 82 меча, на коишто постигна 21 гол.

- Оглас -

Најнови вести