Младата Германија и сениорскиот Бразил ќе ги минат пречките

Понудата од фудбалски натпревари за денеска е доста богата, доминираат дуели на репрезентации на различни нивоа, има сениори, младинци и жени.

Според квотите на денот на обложувалниците Sport Life, младата селекција на Германија ќе даде два до три гола против Романците, Бразил ќе го совлада Парагвај на Копа Америка, а жените од Норвешка и Англија ќе дадат два до четири гола, рамномерно или приближно исто распоредени во двете полувремиња.

 

Германија У21 – Романија У21 (18.00 часот)

Ова е полуфинале на ЕП за млади во кое играат два тима кои после двете победи, тактизираа и си ги чуваа силите во третото коло од групната фаза, и без проблеми се најдоа тука. Германија која е бранител на трофејот, е фаворит на хартија, играат дисциплинирано, воиграни се, имаат систем кој личи на оној на првиот тим на „панцерите“. Романија многумина ја потценуваа, но Хаџи и другарите покажаа дека заслужија битка за медал.

Предлог тип: T1 2-3 (2.10)

 

Бразил – Парагвај (02.30 часот)

Домаќините на Копа Америка ќе ја оправдаат улогата на фаворит и ќе се пласираат во полуфиналето. Парагвај не демонстрираше дека е тим кој може да им ги замрси сметките на „кариоките“. Бразил има мал проблем со средниот ред, нема да играат стартерот Касемиро и неговата природна замена Фернандињо, па Алан ќе се најде во средината во почетниот состав заедно со Артур и Кутињо. Нападот Евертон, Габриел Жезус и Фирмино може да му направи големи проблеми на Парагвај.

Предлог тип: 1 & 2-4 (1.85)

 

Норвешка жени – Англија жени (21.00 часот)

Англичанките со перфектен скор дојдоа до четвртфиналето, примија само еден гол, па на Норвежанките ќе им биде тешко да ја разбијат одбраната која функционира добро. Норвешка во осминафиналето ја победи Австралија дури по изведување на пенали, па и заморот може да биде негативен фактор за скандинавките.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.75)

 

Сенегал – Алжир (19.00 часот)

Сенегал и Алжир победија со по 2-0 во првото коло. Сега кај Сенегал треба да се појави Мане, а прва виолина на Алжир е друга премиерлигашка ѕвезда, Марез. Традицијата на меѓусебните дуели не укажува на ништо, бидејќи двата тима имаат по три победи, а исто толку пати било и нерешено. Преклани на африканскиот куп на нации одиграа 2-2.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.08)

 

Шпанија У21 – Франција У21 (21.00 часот)

Франција без пораз дојде до полуфиналето, како најдобра втора на младинското ЕП, а Шпанија беше поразена на стартот од Италија, но потоа ги доби Белгија и Полска, па се најде во битка за трофејот кој им побегна преклани.

Влогот е голем, не треба да се очекува дожд од голови, но во двата тима има поединци кои може со индивидуален потег да го решат победникот.

Предлог тип: 1-2 гола (2.18)

- Оглас -

Најнови вести