Младата репрезентација прими два гола од Молдавија и загуби иако играше со играч повеќе

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година по стартната победа над Шведска во квалификациите за ЕП 2025, доживеа два порази и падна на претпоследното место на тамбелата во групата Ц.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски денеска загубија од врсниците од Молдавија со 2:1 иако 40-тина минути играа со играч повеќе по исклучувањето на Раду во 52-та минута.

Резултатот го отвори Влад Раилеану во 55-та минута кој „изработи“ тројца дефанзивци на Македонија и потоа без проблеми го совлада Алчевски.

Само пет минути подоцна, Македонија успеа да израмни благодарение на голот фна Лука Станковски.Во финишот, во 85-та минута Молдавија дојде до победата со голот на Лупан.

Следниот меч од квалификациите за ЕП 2025, Македонија ќе го игра против Грузија идниот месец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести