Младински репрезентативец на Македонија потпиша за Шериф Тираспољ!

Членот на македонскиот национален тим за фудбалери до 21 година, Стефан Деспотовски, е нов играч на молдавски Шериф Тираспољ.

Бекот кој може да игра на неколку позиции ги научи основите на фудбалот во најтрофејниот клуб во Србија, Црвена ѕвезда, а првиот професионален договор го потпиша со македонскиот клуб Работнички, каде што ја одигра минатата сезона.

Деспотовски пред две години почна да игра за Македонија, претходно играше за српската селекција во младите категории, а во Шериф доаѓа како слободен играч бидејќи договорот со Работнички му беше истечен.

” Секако дека сум пресреќен што станувам дел од вака голем и сериозен клуб кој што во минатото има настапувано во групната фаза во Лигата на шампиони. Голема благодарност до сите оние кои што се заслужни за овој трансфер, благодарност до мојот менаџер Александар Бајевски и пред се до мојот досегашен клуб ФК Работнички за досегашната укажана шанса”- изјави македонскиот младински репрезентативец Деспотовски.

- Оглас -

Најнови вести