Младинците со нови сили како фаворити на пријателски мегдан против Косово (Фото)

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година со пријателски меч против Косово во Скопје започнува нов циклус со нова генерација, која ќе треба да игра во следните квалифиакции.

Избраниците на Драги Канатларовски се фаворити според квотите во Sport Life со коефициент за победа од 1.82. Триумф на гостите од соседството, но и нерешениот резултат имаат иста квота од 3.65.

Ова ќе биде прв од двата планирани контролни дуели против Косово, додека вториот ќе се одигра во недела, исто во Скопје. Натпреварите против северозападниот сосед ќе послужат како прв филтер за играчите кои треба да го понесат товарот во новиот циклус квалификации кој започнува следната година.

- Оглас -

Најнови вести