Младиот македонски репрезентативец потпиша професионален договор со Бешикташ

Младиот македонски фудбалер Бесар Гуџуфи потпиша повеќегодишен професионален договор со Бешикташ, со што се здоби со право да игра и за првиот тим на овој истанбулски гигант.

Бидејќи беше малолетен, Гуџуфи досега настапуваше само за У-19 тимот на Бешикташ, а сега има договор до 2027 година и прашање на време е кога ќе дебитира во турската Суперлига.

Младиот Гуџуфи во Бешикташ премина лани од Беласица, а претходно го носеше дресот и на Вардар.

 

- Оглас -

Најнови вести