20.8 C
Skopje
петок, 10 октомври 2025

Младите фудбалери до 21 година ќе ја пречекаат Ерменија и посакуваат прв триумф

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денеска (17 часот) во Битола на стадионот „Петар Милошевски“ ќе ја пречека репрезентацијата на Ерменија, во третото коло од квалификациите за ЕП.

По двата пораза, од Полска и од Италија, сите во нашиот младински национален тим се надеваат дека ќе биде остварен поволен резултат.


Фудбалерот од средниот ред, Теодор Николовски, верува дека тимот ќе биде максимално фокусиран, дека концентрација во завршницата овојпат нема да недостасува, тоа што беше аномалија на првите два меча.

„Нѐ очекуваат два тешки натпревари против Ерменија и Црна Гора. Максимално сме фокусирани и подготвени за претстојните предизвици. Се надевам дека ќе ги исполниме сите барања на селекторот и стручниот штаб и ќе оствариме позитивен резултат. На претходните два квалификациски меча, и покрај поразите, мислам дека не одигравме лошо. Имавме добри моменти и создадовме неколку сериозни шанси за погодок, но ни недостигаше повеќе концентрација во завршницата. Свесни сме каде погрешивме и верувам дека на денешниот натпревар веќе ќе ги поправиме грешките“, изјави Теодор Николовски.

- Оглас -

Најнови вести