Фудбалската репрезентација на Македонија за фудбалери до 18 години доживеа висок пораз од 3-0 од своите врсници од Србија. На натпреварот кој се одигра на трениинг центарот на ФСС во Стара Пазова домашните доминираа и сите погодоци ги постигнаа во првиот дел.
Резултатот го отвори Бубањ во 25-тата минута, а до крајот на првиот дел двапати прецизно стрелаше Милошевиќ во 31-вата и 38-мата минута.
За квалитетот на денешниот противник на Македонија говори и фактот дека оваа генерација на Србија го освои бронзениот медал на кадетското првенство во Израел минатата година.
За Македонија на овој натпревар настапија: Петар Јакимов, Ѓорѓи Џеков, Абиола Бамијоко, Марко Стојилевски, Даниел Марковски, Лорик Каба Јакупи, Теодор Николовски, Зани Назифи, Мартин Ѓорѓиевски, Валон Алији, Хакија Цаноски. Селектор: Тони Јакимоски.