Младите играат за второ место, следете го мечот со Казахстан во живо (ЛИНК)

Младата репрезентација на Македонија за играчи до 21 година игра еден од двата клучни натпревари во битката за второто место во нашата група за пласман на Европското првенство следната година, а и симпатизерите на фудбалот во нашата земја можат да го следат дуелот со Казахстан од 13 часот на следниов ЛИНК.

Со победа ќе бидеме осамени на второто место зад неприкосновениот лидер во групата Шпанија, која е речиси сигурен патник на ЕП.

Македонија има шанси со четири победи до крај да се надева на пробив меѓу петте најдобропласирани втори селекции во деветте групи ако и останатите резултати ни одат на рака.

Мечот меѓу Казахстан и Македонија се игра во Алмати, а моментно и двете селекции имаат по 10 бода, домаќините од 7 меча, а ние со натпревар помалку.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести